Uncategorised

Мицкоски повика одредени профили на луѓе да се пријават за да бидат веднаш вработени

   Време за читање помалку од минута

Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров рече дека проблемот со иселувањето на младите постои но и дека се обидува да го реши. Тој понуди вработување на неколку профили млади но оти е тешко да се најде квалитетен кадар.

„Во моментов јас сакам да најдам 100 архитекти кои веднаш би влегле во државната администрација.Партиската определба е небитна. 100 луѓе нека се пријават и нека донесат CV ќе бидат вработени во јавната администрација. Нека се пријават и 100 градежни инжинери, 100 машински и IT. Веднаш ќе врботиме 1000 луѓе и не треба да одат никаде, но нема“, објасни премиерот.