Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат платите на функционерите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите во 2025 година, изјави:
„Ќе растат сите плати во државата. Ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите, тоа го кажавме. И тоа го правиме, правиме измена на законското решение со коешто нема да има покачување на функционерските плати. И оваа измена на Законот ќе биде пред пратениците наскоро. Така што ќе се бориме да сите вработени во државата добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите.
Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е исправен, иако постои дебата. Но, јас ценам дека е исправен и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и во интерес на сите оние коишто нѐ гласале и коишто имаат доверба во нас како власт.“
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025