Мицкоски: Ќе сториме се како Влада за платите да растат, но и да имаат вредност
Прво сите мора да знаеме дека платите мора да растат, да имаат вредност т.е. да бидам попрецизен ние ќе сториме се како Влада платите да растат, но и да нема инфлација, тоа што ќе можете да го купите со вашата плата оваа година истото да можете да го купите следната година истиот месец. Ова е нашата цел, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека СДСМ се обидува да ги манипулира граѓаните, потенцирајќи дека Владата си има своја програма и за која добила поддршка од граѓаните .
Од друга страна тоа што го прави СДСМ е обид да манипулира и обид да го навреди граѓанинот дека има кратко помнење. Ние работиме врз основа на нашата изборна програма, отворете ја изборната програма и таму ќе можете да прочитате што има, работиме на основа на изборната програма бидејќи на избори на основа на таа програма сме добиле 450 илјади гласови од граѓаните. И тоа е за нас се. Тоа е документот врз чија основа се водиме, слободно можете да ја отворите да ја прочитате да видите што пишува таму, изјави тој и додаде:
Јас жалам што СДСМ не работи по програма и во обид да се консолидира како политичка парија сега се обидува преку соопштенија на дневна основа бидејќи не гледам кредибилни лица кои што би излегле да практично лиферуваа лаги и самите да веруваа во тие лаги. Но во ред, тие нека продолжат да лажат, сега се помалку ќе имаат можност да крадат бидејќи тие што крадеа многу скоро од денес ќе бидат изведени пред лицето на правдаа или сменети но, тие ќе си продолжат со лагата, а ние ќе продолжиме да работиме. Ова е нашата цел бидејќи нас не инспирира поддршката од граѓаните која што ја добиваме секојдневно и така ќе продолжиме да се однесуваме во иднина. Да заклучам, тоа што е дел од програмата која што беше победничка и доби близу 450 илјади гласа е за нас документ врз основа на кој ние ги градиме нашите политики. СДСМ покрај тоа што најмногу крадеа сега ќе можат се помалку да крадат и за жал сега многу лажат.
- Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски - 09/11/2024
- Засега нема информација дека цената на струјата ќе се зголеми, вели Мицкоски - 09/11/2024
- Многу луѓе ги избегнуваат овие 5 работни места во Германија бидејќи не се „популарни“, а можете да заработите и до 100.000 евра - 09/11/2024