Вести

Младите се најмногу „ментално согорени“ – Бројката е поразителна

Мет работел како сметководител во една компанија во Канада веќе две години, кога забележал промена во неговиот однос кон работата, пишува BBC.

„Имаше утра кога работниот ден не го започнував до 11 и 30“, се потсетува Мет. „Се мислев, ‘Која е поентата?’ Мојата мотивација беше постојано ниска“.

Во тоа време, Мат 24, работел со клиент кој бил познат по слабата комуникација.

„Работиш час и пол знаејќи дека ќе сменат една бројка и дека ќе мораш повторно да ја сработиш истата работна задача“, вели тој. Неговата работа вклучувала многу „исти и безначајни задачи“ и во периодите кога имало многу работа, често работел до полноќ, а понекогаш дури до 3 часот после полноќ. „Кога ќе си заминеш од работа (на полноќ), се‘ уште се чувствуваш лошо, бидејќи знаеш дека има луѓе во твојот тим што остануваат уште повеќе на работа“, вели тој.

Разговарајќи со негов пријател кој работел во доменот на менталното здравје, Мат открил дека се соочуваа со знаци на синдром на согорување (burnout).

Како што пишува BBC, се повеќе и повеќе млади работници се соочуваат со чувство на согорување. Анкетата на веб страната за вработување Indeed од 2021 година, покажала дека милениумците и припадниците на генерацијата Z бележат најголема стапка на согорување, 59 %, односно 58 %. Стапката на согорување кај генерацијата Z растела најбрзо; во 2021, 47 % од генерацијата Z рекле дека се соочуваат со согорување, споредено со 53 % од милениумците.

Дополнително, анкета од 2022 година спроведена во Велика Британија од страна на платформата за менаџирање Асана, покажала дека генерацијата Z се соочува најмногу со бурноут споредено со сите останати возрасни групи. Додека анкета од 2021 во која биле вклучени британски работници покажала дека 80 % од припадниците на генерацијата Z истакнале дека се соочуваат со согорување од почетокот на пандемијата, споредено со просечните 73 % во сите останати возрасни групи.

 

Фото: Freepik