ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Млад човек е секој петти невработен и секој четврти кој останал без работа поради пандемијата

Речиси секој петти евидентиран невработен во државата е млад човек на возраст до 29 години. Во евиденцијата на Агенцијата за вработување на крајот на јуни има вкупно 140.674 невработени, од кои 30.554 се млади луѓе.

Најбројни меѓу невработените се најмладите работоспособни, на возраст од 15 до 19 години. Ги има околу 14,6 илјади. Нешто помал е бројот на невработени на возраст од 20 до 24 години, кои на списокот на Агенцијата за вработување ги има 13.400, а невработеноста на младите на почетокот на ова лето се заокружува со околу 2.600 лица на возраст од 25 до 29 години.

Повеќе на Вечер.прес