Македонија

МОН од утре воведува интернет учење и оценување за учениците на www.eduino.gov.mk

163views

Државна матура ќе има а начинот на кој ќе се полага министерот вели дека е предвиден од страна на ДИЦ. Да не паничат граѓаните ќе има и уписи и полагање тврди Адеми. Тој ја промовираше националната платформа за далечинско учење која ќе биде достапна од утре. До денеска се пријавиле околу 600 наставници кои ќе предаваат онлајн.

„Платформата, чија употреба е едноставна, ќе понуди видео-лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни лекции. Видео-лекциите ќе бидат од 15 минути и придружени со презентација, нарација и објаснувања од наставник/наставничка што ќе покаже интерес, односно ќе се пријави за оваа цел“, рече Адеми на денешната прес-конференција.

„До нив се подготвени обрасци и упатства за подготовка на видео-лекции. Веќе имаме пријави за над 1.000 видео-лекции, а и околу 400 лекции. Овие лекции се проверуваат од содржински аспект и да не се повторуваат. Очекуваме бројката драстично да расте. Апелираме за трпеливост до целосно исполнување на лекциите“, нагласи тој.

Министерот тврди дека целата држава е покриена со  интернет а оние кои немаат соодветен уред или паметен телефон да се пријават. Според Адеми не се проблем наставниците туку учениците бна помала возраст кои немаат или не знаат да ракуваат со ИТ уред. Поплаките од родителите дека имаат проблеми со интернетот  вели дека се разгледуваат од страна на МИОА.

„Апелирам до учениците или родителите на учениците кои не би имале ИТ уреди, паметни телефони – да пријават. Да не заборавиме дека сме во вонредни околности и приоритетно е за нас да се продолжи со воспитно-образовниот процес и во вакви околности. Не треба да трпи застој образовната надградба на нашите ученици и студенти. А, за оценувањата, во уредбите за основното, средно и високо образование, стои дека наставниците и професорите можат да ги оценуваат учениците и студентите. За начинот на оценување БРО подготвува упатство, за кое сите ќе бидат известени“, одговори Адеми.

По реакциите на синдикатите за предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за минимални плати на јавниот сектор, Адеи вели дека предлогот се уште не е дискутиран и ги повика сите засегнати да испрата свои предлози.

Извор: Сител