Зошто советот да ја следите својата страст во работата не е добар? Што треба да следите?
Многумина велат дека за да бидеш успешен во работата, неопходно е да ја сакаш. Во овие многумина спаѓаат поголемиот дел од успешните, богатите и остварени луѓе, кои постојано тоа и го пропагираат.
„Ако го работиш она што го сакаш, нема да работиш ниту еден ден во својот живот“ – оваа реченица често се користи, но верувале или не, некои не мислат вака.
Милијардерот Марк Кјубан смета дека советот да се следи страста во работата е еден од најлошите кои ги добил некогаш во животот. Тој истакнал дека подобро е да се следи напорот, бидеји никој не се откажува од она во што е добар.
Иако страста може да предизвика напор, често е спротивно. Напорот и напредокот создаваат страст. Направете нешто лошо и веројатно ќе се исплашите и повлчете. Направете нешто добро и ќе уживате во тоа. Воедно, како што станувате подобри, љубовта кон она што го правите ќе порсне уште повеќе.
Фото: Unsplash
Со ова тврдење се согласува и науката. Истражувањето кое е објавено во магазинот Academy of Management Journal покажало дека колку повеќе претприемачите вложуваат труд во својата фирма или работа, толку повеќе се возбудени и страствени во однос на истата.
Со стекнувањето на вештините, стручноста и искуството, ентузијазмот на основачите на компаниите и бизнисите расте без разлика на тоа дали имале или немале почетен финансиски успех. Вложувањето напор и напредокот раѓаат страст, а тоа е токму што Кјубан, еден од најуспешните светски бизнисмени, го заговора.
Советот „Следете ја својата страст“ може да биде погубен
Лесно е да се помеша хобито или интересирањето со страста.
За појаснување, најголемиот дел од страстите укажуваат на интерсирање, а не на труд. Многу луѓе се страствени кон спортот, авантурата, патувањата. Уживаат во екстремни спортови или јавање…
Но колку луѓето навистина вложуваат во таа страст? Колку труд вложувате во унапредувањето на своите таленти, знаења и вештини?
Фото: Unsplash
Марк Кјубан во својот блог во 2012 година напишал:
За многу работи сум страствен. (Но) работата со која „заглавив“, беше нештото кон кое тежнеев. Многу луѓе зборуваат за страста, но не мора да се фокусираш на неа.
…Кога ќе погледнете каде го вложувате вашето време и труд, таму се работите во кои си добар. И ако вложиш доволно време во тоа, ќе станеш уште подобар.
Ќе ти кажам една тајна: Никој не се откажува од она во што е добар, биејќи да се биде добар во нешто е забавно. Забавно е да се биде најдобар.
Но за да станеш еден од најдобрите, мораш да се трудиш.
Ако е вредна за вашиот труд, веќе ја сакате вашата работа. Не морате да бидете опседнат со неа
Она што го правите во слободно време – не е пасивно искуство, туку активно – јасно укажува на интерсирањата. Ако тоа го правите во слободно време, значи дека се трудите. Затоа и го следите тој напор. Секоја квалификувана личност која започнува да учи, има корист од тоа што непрестајно се труди: трудот води до напредок, независно од тоа колку е мал. Да се постигне нешто звучи добро. Доброто чувство ве тера да се трудите уште повеќе, што води кон поголеми достигнувања, поголема мотивација и повеќе труд.
Фото: Unsplash
Голема е веројатноста дека што повеќе се трудите, имате поголем ентузијазам и поголема емотивност кон она што го правите. Голема е и веројатноста дека ќе развиете талент и искуство потребно за страста да ја претоврите во нова работа или кариера. Тогаш страста не е потребна, бидејќи со текот на времето ќе сфатите дека го работите она што го сакате.
Дури и ако не почнало како опсесија.
Извор: BIZlife
Фото: Pixabay, Unsplash

