- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Мора да има казни за да не се повтори – ССМ: Несовесните работодавачи ја пљачкаат и државата и работникот

Мора да има казни за да не се повтори - Работници
142views

Несовесните работодавачи го пљачкаат и работникот и државата реагира Синдикатот на работниците. Откако  УЈП обелодени дека 179 фирми ја злоупотребиле државната финансиска помош која наместо кај работниците во голем дел завршила во нивните џебови, Сојузот на синдикати, бара од Управата  да направи итна присилна наплата.

„Ние мора како социјални партнери да најдеме модел овие несовесни газди како првин да ги казниме на еден начин а потоа да не дозволиме ова да ни се повтори и по трет , бидејќи покрај работникот тука се пљачка и државата“, истакна Дарко Димовски.

 

Ова што го направија работодавачите по втор пат, е тенденциозно вели Димовски, додавајќи дека во иднина мора да се најде модел како вистински да се заштити работникот. Зачудени се како што велат и самите, од каде им е  храброста  на  работодавачите да ги проневерат парите кои им се дадени од државата за исплата на плати, ако знаат дека постои клаузула за кривично дело со затвор од минимум  една година .

„Јас не знам која е математиката, ти да ги украдеш парите и утре да лежиш затвор а позади себе да оставиш на работ на егзистенција работници кои со својот труд го правеле вашиот капитал“, вели Дарко Димовски.

Секој кој го прекршил законот ќе одговара пред него, напомена пред некој ден и директорката на УЈП .

„Секој кој го прекршил законот ќе одговара пред законот. Да можеби премеки се санкциите  од делот на прекршочната постапка  но рековме дека не застанавме тука  спроведувавме постапки за присилна наплата.18.56 По сите направени анализи кои ги имавме отворени се соодветни налози кои што  треба да се предадат на инспекторите за да влезат во сите компании кои направија вакво злоупотребување се со цел да видиме какво било и нивното работење“, посочи Сања Лукаревска.

На работниците не им требаат долги процедури и постапки, туку им треба плата“, велат од ССМ. Инсистираат државната помош за плати да оди директно на сметка на работниците. Реакцијата на ССМ следи откако УЈП излезе со информација дека 179 фирми  земале помош за исплата на плати  но  оставиле околу 330 работници без , додека пак 506 работници во 24 компании добиле помала плата.

Извор: ТВ21