МакедонијаСиндикат

СПМ: ИТНО БАРАЊЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ИЗМЕНА НА ЗВР

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

ИТНО БАРАЊЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ИЗМЕНА НА ЗВР ‼️

Скоро и да нема вработен во МВР (барем оние со бодови од 520 до 600) – работни места со средно образование кој не е запознат дека неговата основна плата е помала и од законски минималната плата во Македонија. Не веруваме дека има таков и веруваме барем секој вработен до сега прочитал барем едно наше барање за повисоки плати каде говориме за наведената проблематика.

Во новиот Закон за внатрешни работи и ние и голем дел од работниците препознаа НАДЕЖ дека некој конечно после толку години борба, преписки, реакции и што ли уште не, раководството во МВР СВАТИ дека основната плата е под законскиот праг на минималната плата.

И бидна новиот Закон за внатрешни работи кој најпрво требаше да се применува со повисоки плати од Април оваа година. Овие двата синдикати што се фалеа дека „преговараат“ за ЗВР еднаш „попуштија“ и ЗВР се одложи (вклучително и одредбата за повисоки плати) од 01.07.2026 година. Пак НАДЕЖ, пак РАДОСТ кај вработените.

Последниот „нож во грб“ односно одложувањето на ЗВР и одредбите за ПОВИСОКИ ПЛАТИ до Септември 2028 година и „премолчувањето“ на репрезентативните се гледа веќе предалеку и разочарувачки.

За да бидеме понкретни, со новиот ЗВР прашањето за основната плата да не може да биде пониска од минималната плата во Републиката конечно беше РЕШЕНО.

Пак РАЗОЧАРУВАЊЕ, за жал, законот одложен а повисоки плати НЕМА!

Ако имаме во предвид дека ПОЛИЦИЈАТА Е НАДЛЕЖНА ЗА СЛЕДНИТЕ ЗАКОНИ:

1. Закон за внатрешни работи,

2. Закон за Полиција,

3. Закон за оружјето,

4. Закон за гранична контрола,

5. Закон за државјанството на Република Македонија,

6. Закон за патните исправи на државјаните на РСМакедонија,

7. Закон за личната карта,

8. Закон за личното име,

9. Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на гражаните,

10. Закон за матичен број,

11. Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата,

12. Закон за прекршоците против јавниот ред и мир,

13. Закон за странци,

14. Закон за меѓународна привремена заштита,

15. Закон за приватно обезбедување,

16. Закон за детективска дејност,

17. Закон за јавните собири,

18. Закон за складирање и заштита од запални течности и гасови,

19. Закон за заштита од експлозивни материи,

20. Закон за прометот на експлозивни материи,

21. Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари,

22. Закон за национална криминалистички разузнавачка база на податоци.

23. Кривичен законик,

24. Закон за кривична постапка ….

Прашањето е едноставно: ЗАР РАБОТНИЦИТЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ?

Доколку и покрај се МВР стои на ставот за одложениот ЗВР, БАРАМЕ одредбите за основна плата/ минимална плата од новиот/одложениот ЗВР да бидат пресликани и донесени во постоечкиот ЗВР‼️

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме