СветСветот на работникот

Безос: „ВИ во иднина ќе создаде повеќе работни места отколку што ќе укине

Основачот на Амазон Џеф Безос изјавил дека вештачката интелигенција (ВИ) долгорочно ќе создаде повеќе работни места отколку што ќе укине, отфрлајќи ја се’ почестата загриженост дека технологијата би можела да доведе до масовна невработеност, пренесува BBC.

Говорејќи на технолошката конференција VivaTech во Париз, Безос рекол дека ВИ нема да ги направи луѓето да бидат одвише, туку ќе ја зголеми побарувачката за работна сила и ќе отвори нови можности за вработување.

„Апсолутно не се согласувам со тоа. Мислам дека вештачката интелигенција ќе создаде недостиг од работна сила, бидејќи на луѓето ќе им овозможи да идентификуваат повеќе проблеми“, рекол Безос.

Тој навел дека не постои ограничување во бројот на работите кои можат да се измислат и дека моменталните ограничувања произлегуваат од способноста да се извршат идеите, а не да се замислат.

„Не е нашата имагинација она што не ограничува, туку она што сме во состојба да го направиме“, рекол тој.

Безос објаснува дека многу идеи остануваат неостварени бидејќи е тешко да се имплементираат, но дека вештачката интелигенција би можела да го забрза тој процес и да ги направи повеќето од идеите остварливи.

Тој оценил дека проблемот во иднината нема да биде недостатокот од работа, туку ограничувањата кои го спречуваат побрзиот развој на индустријата и технологијата, кои, според него, ќе бидат ублажени со напредокот на вештачката интелигенција.

Безос исто така ја претставил својата нова ВИ иницијатива насочена на унапредување на производството, истакнувајќи дека целта е забрзување на индустриските процеси преку автоматизација и дигитализација.

Зборувајќи за долгорочната визија, Безос го повторил својот став дека вселената ќе игра клучна улога во идниот развој на цивилизацијата, наведувајќи дека планот е „да се остане на Месечината, а не само да се посетува“.

Според него, технологиите како електролизата би можеле на крајот да овозможат лунарните ресурси да се користат за полнење на ракети со гориво и трајна човечка присутност вон Земјата.

Во текот на истиот настан, претставени се и роботски системи и експерименти кои ја комбинираат вештачката интелигенција со невронаучни интерфејси, што укажува на тренд на приближување на ВИ технологиите до физичкиот свет и индустриска примена.

Извор: b92.net