- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Мојсоска Блажевски: Реално е да се очекува раст, но дури во април ќе можеме да процениме дали и 2021 ќе биде изгубена година!

Мојсоска Блажевски: Реално е да се очекува раст - Работник
60views

Според сегашната здравствена состојба во земјава и глобално и бавниот процес на вакцинација, очигледно дека и 2021 година ќе биде тешка година за граѓаните, бизнисите и за носителите на политиките. Досегашните четири пакети на мерки за поддршка на компаниите и граѓаните во одредена мерка ги намалија негативните ефекти од економската криза и зачуваа доста работни места. Компаниите успеаа да се прилагодат делумно на новата ситуација, на пример преку промена на начинот на продажба, промена на производите и услугите кои ги нудат и тн. Но, повеќето компании прилагодувањето го сметаат како краткорочна нужност, сметајќи на брзо нормализирање на ситуацијата, вели за весникот ВЕЧЕР, Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025, за тоа што не очекува на економски план во годината пред нас и какви се шансите  македонската економија од рецесија да влезе во зона на економски раст.

-Најновата анкета на организациите на работодавачи покажува дека во период ноември-декември 84% од анкетираните претпријатија работеле со полн капацитет (некои онлајн а некои со физичко присуство), додека во првичната анкета спроведена во април-мај, само 57% од компаниите работеле со полн капацитет.

Advertisement

Повеќе на вечер.прес

Advertisement
Advertisement