„Дијалог за БЗР“ – Меѓународна конференција за безбедност и здравје при работа
Денеска и утре (29 и 30 септември) Македонското здружение за заштита при работа- МЗЗПР одржува Меѓународна конференција за регионална соработка „Дијалог за БЗР“.
Целата на оваа конферанција е да се презентираат политиките за безбедност и здравје при работа преку кои ќе може да се процени ризикот од зараза со Ковид – 19 на работното место, а воедно и да се презентира методологијата на МЗЗПР за Ковид возраст која МЗЗПР ја има изготвено со доктори од медицина на трудот.
На конференцијата присуствуваат претставници од синдикати, доктори од медицина на труд, претставници од Државниот Инспекторат за труд и експерти од областа на безбедност и здравје при работа.

