СветСветот на работникот

Лагард: Уделот на вработените во еврозоната кои користат вештачка интелигенција на работа надминува 50 проценти

Уделот на вработените во Еврозоната кои користат вештачка интелигенција на работа се дуплираше за две години и сега надминува 50 проценти, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во Виена на состанокот „Хофбург во дијалог – Економија, Европа, отпорност“.

„Уделот на вработените во Еврозоната кои користат вештачка интелигенција на работа се дуплираше за две години и сега надминува 50 проценти, што е нивото што на интернетот му требаа околу десет години за да го достигне“, рече Лагард, додавајќи дека работниците сè повеќе користат вештачка интелигенција, како што е објавено на веб-страницата на ЕЦБ.

Компаниите од Еврозоната, како што е наведено, ќе издвојат околу 10 проценти од вкупните инвестиции за вештачка интелигенција во 2026 година, а експертите од ЕЦБ проценуваат дека задолжувањето поврзано со вештачката интелигенција сочинувало околу една четвртина од растот на корпоративното кредитирање во првиот квартал од оваа година.