МакедонијаПравда

МТСП: Известување за корисниците на правото на родителски додаток за трето и четврто дете

121views

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на РСМ,  Министерството за труд и социјална политика  ги известува корисниците на правото на родителски додаток за дете (трето и четврто дете) кои сèуште немаат поднесено барање за  продолжување на  правото, коесогласно Законот за заштита на децата  треба да се поднесе до 31.март 2020 година, дека постапката за продолжување на правото по службена должност ќе ја поведе надлежниот центар за социјална работа, заради заштита на  јавниот интерес и здравјето на граѓаните.

По завршувањето на мерките потребно е корисниците во рок од 15 дена до центрите да ја достават потребната документација, за што ќе бидат и дополнително известени од страна на центрите.

Извор: Влада