МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Муцунски: Зголемување на правата на работниците кои служат во органите и институциите е она што недостига за трудот да е вистински ценет

328views

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од изборната единица 1, Тимчо Муцунски на средба со Синдикатот на работниците од Управата, напиша на својот Фејсбук профил дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обврза да биде променет Законот според кој придонесите ќе се уплаќаат за приходи до 12 просечни бруто плати, наместо досегашните 16 просечни месечни плати, и тоа до 2022 година придонеси ќе се уплаќаат за 8 просечни плати.

„Од разговорот на денешната средба со Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија, увидов дека праведноста и зголемување на правата на работнициите кои служат во органите и институциите, е она што недостига за трудот да е вистински ценет.

-Со проектот „Континуирање на платите до 25% за еден мандат“, се обврзуваме да го подобриме животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, и на сите вработени во државната администрација и во јавниот сектор и тоа:

-минумум 5% со исплатите на јануарска плата во 2021 година
-минимум 5% со исплата на јануарска плата во 2022 година
-Со проектот „Намалување на основицата за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување“, се обврзуваме да биде променет Законот според кој придонесите ќе се уплаќаат за приходи до 12 просечни бруто плати, наместо досегашните 16 просечни месечни плати, и тоа до 2022 година придонеси ќе се уплаќаат за 8 просечни плати“-порача Муцунски.