МAXBET отвори нова канцеларија во Скопје – Најавени над 100 нови вработувања во сите градови низ Македонија

МAXBET го освојува македонскиот пазар, најавува двојно повеќе вработени во повеќе од 20 градови

Maксбет ја отвора својата нова канцеларија во Скопје, која што претставува поддршка за проширување на мрежата локации, која компанијата планира двојно да ја зголеми во 2023 година.

Maксбет планира отворање на голем број работни позиции, најмногу од областите архитектура, ИТ, техничка поддршка, човечки ресурси и економисти.

Од компанијата велат дека нивен план е проширување во сите градови од Македонија. Во моментов Maксбет брои 100 вработени, но од компанијата велат дека нивниот план за 2023 година е да го прошират својот тим со дополнителни 100 до 150 вработени.

„Со отворањето на новото седиште, компанијата Maксбет продолжува со инвестиции кои ќе го подигнат бизнисот на уште повисоко ниво и ќе нè доведат до лидерска позиција на регионалниот пазар во наредниот период. Квалитетната понуда на игри, работата на нови решенија и уникатното корисничко искуство се императив на нашиот бизнис на секој пазар. Со отворањето на седиштето го означуваме првиот чекор во експанзијата на Maксбет на македонскиот пазар и многу сме задоволни да работиме во оваа земја“, изјави Дарко Живанов, извршен директор на Maксбет.

Целокупната Maксбет групација брои повеќе од 3000 вработени.