МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Над 1.000 наставници чекаат надокнада за прекувремена работа

Наставници - Работник
123views

На околу 1.000 наставници треба да им се платат дополнителните работни часови, покажуваат анализите на СОНК. Иако министерката Царовска посочи дека бројката на оние кои имаат вишок часови не е голема, првиот човек на синдикатот Неделков, тврди  дека со оглед на тоа што станува збор само за наставници од прво до трето кои држат настава со физичко присуство, процентот воопшто не е за занемарување. Но вели без разлика за колку вработени станува збор, парите треба да ги добијат.

Посочи дека директорите на училиштата многу добро знаат дека нивна законска обврска е да им ги подмират вишокот часови на наставниците, во спротивно ќе се соочат со тужби. Повторно апелираше до нив што е можно поскоро да ги направат пресметките за да не дојде до ситуација поради нивно невнимание да доцнат платите за октомври.

Вишок на работни часови се регистрирани кај наставниците од прво до трето кои имаат повеќе дечиња, па поради тоа мора да ги поделат во групи. Според пресметките на СОНК, еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5.000 на нето, односно до 8.000 денари на бруто платата.

Извор: Сител