Над 15.000 возачи поднеле тужби против „Амазон“ – бараат надомест за неисплатените плати
Повеќе од 15.000 возачи на Амазон поднесоа арбитражни барања против гигантот за е-трговија, тврдејќи дека компанијата ги класифицирала како независни изведувачи наместо работници за минимална плата и прекувремена работа.
Сметаат дека не работат како „хонорарци“, бидејќи работата станува сѐ пообемна, па многу од овие работници велат дека всушност имаат статус на вработени и затоа заслужуваат повеќе бенефиции и заштита, пренесе Си-Ен-Ен.
Медиумите пренесуваат дека според некои толкувања на законот, работниците кои превезуваат и испорачуваат стока се третираат како независни изведувачи со некои дополнителни бенефиции, вклучително и гарантирана минимална плата.
Амазон Флекс, кој започна во 2015 година, им овозможува на независните изведувачи да се регистрираат за да испорачуваат пакети на Амазон, односно намирници или испораки.
Меѓутоа, бидејќи возачите се класифицирани како независни изведувачи, овие побарувања бараат компензација за неисплатени плати и прекувремена работа, како и надоместок за километражата и користење на мобилниот телефон.
„Возачите од Калифорнија, Масачусетс и Илиноис поднесоа тужби бидејќи законите во врска со погрешната класификација на вработените се многу јасни во тие држави“, рече адвокатот Стивен Тиндал.
Тој додаде дека трите држави, исто така, им дозволуваат на работниците да поднесат барања за надомест од работодавците.
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024