ЕкономијаМакедонија

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот - Работник
175views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 97.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пад од 2.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2.8 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − ноември 2019 година, во однос на периодот јануари − ноември 2018 година, изнесува 98.5.