- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Наместо 34, во недела ќе работат 36 дејности – Непознато е кои се дополнителните две

Наместо 34, во недела ќе работат 36 дејности - Работник
421views

Повеќе од три месеци се чека да се донесе законското решние „Недела е ден за неделен одмор“ кое откако ќе стапи во сила, ќе одреди кои работници ќе работат и нема да работат во недела. 

Според Министерката за труд и социјална политика, предлог – законот со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите е во завршна фаза. Таа наведе дека со последните преговори се дефинирало кога ќе ги користат слободните денови работниците кои ќе работат во недела и за надоместокот кој ќе треба тие да го земат за работа во недела, а кој работодавачите ќе бидат законски обврзани да им го исплатат. 

Advertisement

Нејзиното очекување е дека за кратко време предлогот ќе биде објавен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР). 

Она што е новина е додавањето на уште две дејности кои би работеле во недела, со што од почетните 34 кои треба да работат во недела, сега се 36 дејности. Шахпаска не откри за кои конкретни дејности станува збор.

Advertisement

Таа истакна дека во моментот, се дисктуира околу тоа кога работниците ќе го користат слободниот ден, односно дали тоа ќе биде во понеделник или во сабота како во многу држави, како и за надоместокот кој законски ќе им следува. 

Министрите имаат различен став околу законското решние

Имено, во Владата, преовладуваат различни ставови околу прашањето за недела како неработен. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Министерката за труд и социјална политика сметаат дека треба да работат само оние дејности чиј работен процес не може да се прекине, додека ставот на Министерот за економија Крешник Бектеши е дека угостителството, туризмот, трговијата на мало и некои од дејностите на трговијата на големо треба да работат во недела. 

 Од кабинетот на Вицепримерот Фатмир Битиќи рекоа дека за нормално функционирање на државата треба одредени работодавачи да работат во недела, но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко – производствени процеси не смета да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат, пренесе Радио Слободна Европа

Министерот Бектеши истакна дека трговските центри треба да работат во недела, затоа што оние работници кои нема да работат во приватниот сектор ќе мора да излезат некаде. Тој наведе дека граѓаните, но и странските туристи треба да прават промет во недела, па и поради таа причина треба да работат во недела. Тој уште на почетокот е на ставот дека угостителите треба да работат во недела, за што од нивна страна беше изразена благодарност за неговата поддршка. 

38,998 работници работат во нерегистрирани дејности. Што ќе биде со нив?

Податоците на Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ вели дека благодетот од неработната недела ќе го почуствуваат само 43 илјади работници или само околу 6 % од сите вработени, а 84 илјади работници кои работат во недела, или ќе продолжат да работат затоа што работниот процес не може да се прекине, или затоа што работат во нерегистрирана дејност. Finance Think укажува дека 38,998 работници работат во нерегистрирана дејност, додека 44,858 работат во дејности чиј работен процес не може да прекине во недела. 

Прашањето кое се отвора и на кое Министерствтото за труд ќе треба да даде одговор е како ќе се регулираат оние дејности коишто не се регистрирани, бидејќи досегашната пракса покажува дека работнците коишто работат во овие дејности се изземени од законските решенија, бидејќи тие практично не постојат во системот на државата. 

Синдикатите бараат понеделник да биде неработен ден за работниците кои ќе работат во недела

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во недела треба да работат оние дејности чиј работен процес не може да се прекине, и за тоа треба дневнците да им бидат за 50 % поголеми за работа во недела. 

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија сметаат дека со ваквото законско решение, мал дел од работниците ќе можат во неделите да бидат со своите семејства. Од таму велат дека мора одредени дејности да работат во недела, но работниците кои работат во тие дејности да земат 50 % поголема дневница. Нивен став е дека понеделник треба да биде ден на одмор за работниците кои ќе работат во Недела. 

Бизнис секторот не се согласува со ова барање поради тоа што, според нив е премногу строго и лошо ќе се одрази врз работењето на компаниите.

Бобан Илијевски

Фото: Yuri Kim/Pexels 

 

Advertisement