- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникот

Наплатниот пункт на кавадаречки ,,Комуналец” со вонредно работно време

109views

Поради коронавирусот, новостанатата ситуација со нефункционалноста на платниот промет во АД Пошта, но и поради зголемениот обем на работа на сите банки во Кавадарци, Одделението за изготвување и дистрибуција на сметки – наплатен пункт Градски пазар при кавадаречки „Комуналец” воведува вонредно работно време

– Од понеделник до петок ќе се работи од 7 до 20 часот, а сабота и недела од 8 до 13 часот. Се надеваме дека како и досега, ќе се почитуваат пропишаните мерки кои се во насока на задржување на општата безбедност на повисоко ниво, но и скратување на времето на чекање за наплата, информираат од претпријатието.

Advertisement

Оттаму потсетуваат дека како и досега кавадарчани можат да користат и онлајн наплата.

Advertisement
Advertisement

Advertisement