НовостиСветот на работникот

Наставници, социјални работници, полицајци – кој сѐ ќе добие повисока плата за септември

   Време за читање 1 минута

Овој октомври за неколку категории ќе значи и повеќе пари во нивните месечни примања.

Вработените во секторот основно и средно образование ќе добијат повисоки плати за 15 проценти. 

Во апсолутни бројки тоа значи дека ако еден наставник во основно образование во август оваа година имал плата во просек од 29.258 денари, во септември ќе добие плата од 33.646 денари, што е речиси 4.400 денари повеќе. 

Сличен раст има и кај професорите во средните училишта. Професор што за август добил плата од 30.510 денари, во септември ќе добие 35.090 денари односно скоро 4.600 денари повеќе. 

За 10 отсто поголеми плати ќе добијат вработените во Министерството за внатрешни работи, а исплатата на платите за септември се изврши денеска. 

Поголеми плати ќе добијат и социјалните работнички и работници, исто така за 10 проценти, на што ќе се додаде и минатиот труд на секој вработен поединечно.

10 проценти зголемување ќе добијат и сите вработени во јавниот сектор, а овие вработени до крајот на годината ќе добијат и К-15 во висина од 10.000 денари. 

Зголемување има и на пензиите, кои согласно методологијата за раст на пензиите, денеска добија повисоки пензии за 5,3 проценти. 

извор:24info.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *