Оцоколиќ: Соработката со СПМ е извонредна, братска и стратешки важна
Следува интервју со Генералниот секретар на Синдикатот на полиција на Србија, Дарко Оцоколиќ, во кое разгоавараме за предизвиците со кои се соочуваат, но и соработката со Синдикатот на полиција во Македонија.
Кои се најголемите проблеми со кои се соочува синдикатот?
Најголемите предизвици со кои синдикатот континуирано се бори можат да се сместат во неколку клучни категории: а) Подобрување на матријалниот статус: Постојано тежнеење за поголеми плати и дневници кои би ги следеле трошоците за живот и тежината на полициската работа. б) Услови за работа и оперма: Борба за адекватни униформи, сoвремени возила и техничка оперма коja ќе им гарантира безбедност на службениците на терен. в) Работно – правен статус: Заштита на правата на вработените при распоредувања, напредувања и правна помош во дисциплински постапки со инсистирање на стриктно почитување на Посебниот колективен договор. г) Притисоци и опструкции: Често соочување со неразбирање од страна на раководителите на организациските единици за синдикалните барања, како и обиди за маргинализација на синдикалното делување.
Каква е вашата соработка со Синдикатот на полиција во Македонија? Како би ја опишале?
Соработката со колегите од Синдикатот на полиција во Македонија може да се опише како извонредна, братска и стратешки важна. а) Размена на искуства: Редовно разменуваме информации за законските решенија и начинот на борба за правата на вработените во регионот. б) Регионална повразност: Заедно делуваме низ регионални асоцијации, панел дискусии, каде заеднички носиме заклучоци за подобра полжба на вработените. в) Меѓусебна поддршка: Оваа соработка се карактеризира со голем степен на солидарност, каде едните ги поддржуваме другите во синдикални акции и протести и на тој начин ја зајакнуваме положбата на полицајците на целиот Балкан.
Што би им порачале на македонските припадници на Министерството за внатрешни работи?
Пораката до колегите во Македонија би била насочена кон единство и истрајност: „Драги колеги, вашата професија е една од најтешките и најодговорните столбови на секое општество. Останете сложни и истрајни во борбата за своите права на достоинствен живот и работа. Полициската работа не познава граници кога во прашање е професионализмот, но ни кога во прашање е синдикалната солидарност. Чувајте се меѓусебе, бидете горди на значката која ја носите и знајте дека во сите колеги од Србија имате искрени пријатели и сојузници. Само единствен синдикат е силен синдикат!“
Да живее Србија, да живее Македонија.

