СветСиндикат

Повеќе од 10.000 полицајци протестираат на улиците на Париз, бараат повисоки плати

Повеќе од 10.000 полицајци излегоа на улиците на Париз барајќи зголемување на платите, јави телевизијата BFMTV, повикувајќи се на полицискиот синдикат „Alliance Police Nationale“.

Според најавите, францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез требаше денеска околу 15 часот по локално време да се сретне со делегација на полицискиот синдикат во седиштето на Министерството.

Генералниот секретар на синдикатот Фабијан Ванхемелрик изјави дека средбата со министерот е „најмалку што може да направи“.

Тој изрази надеж дека Нунез ќе ги пренесе барањата на полицајците до премиерот Себастијан Лекорну и ќе го убеди да преземе соодветни мерки.

Синдикалниот лидер порача дека со протестот полицајците сакаат да покажат колку се незадоволни од условите во кои работат.

„Гневот расте и се засилува. Владата мора да го слушне тој глас“, порача Ванхемелрик.

Едно од главните барања на синдикатот е зголемување на додатокот за работа во ризични услови. Според Ванхемелрик, овој додаток не е зголемен од 2019 година, иако, како што наведува синдикатот, работата на полицајците станува сè поопасна.

Извор: Vijesti.ba