МакедонијаСиндикат

СПМ бара професионален и законит пристап кон најавените измени во системот на боледувања

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

СПМ бара професионален и законит пристап кон најавените измени во системот на боледувања❗

Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) ја следи најавата за измени во системот на боледувања и укажува дека нивното спроведување мора да се темели на стручност, законитост и јасно разграничување на институционалните надлежности.

КЛУЧНИ БАРАЊА:

• Измените да ги спроведуваат надлежните здравствени институции, пред сè Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и другите организациони единици во системот на здравствена заштита.

• Министерството за внатрешни работи да има исклучиво помошна и координирачка улога, согласно своите законски надлежности, без да презема активности што се во доменот на здравствените институции.

• Да се спречи постапување на институции во области за кои немаат соодветна стручност, со цел да се избегнат грешки, неправилности и повреди на правата на вработените.

• Да се обезбеди јасно разграничување на надлежностите, професионален институционален пристап и целосно почитување на правата на полициските службеници и на сите вработени.

СПМ очекува сите институции да постапуваат одговорно, стручно и исклучиво во рамките на своите законски надлежности. Системот на боледувања треба да го водат надлежните здравствени институции, со транспарентни процедури и со целосна заштита на правата и достоинството на вработените.

СПМ ќе продолжи внимателно да го следи процесот и ќе реагира секогаш кога ќе биде доведено во прашање законското, професионалното и правичното постапување.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата