- Advertisement -
Наука

Научниците: Минатата година беше една од трите најтопли од почетокот на мерењата

Научниците: Минатата година беше една од трите најтопли од почетокот на мерењата - Работник
123views

Минатата година беше една од трите најтопли од почетокот на мерењата со топењето на ледници, зголемувањето на нивото на морето и шумските пожари, топлотните бранови и сушата, велат научниците во Билтенот на американското метеоролошко друштво (БАМС).

Годишниот извештај за климата на БАМС, поддржан од 528 научници за клима од 61 земја, вели дека само 2015 и 2016 година биле потопли од 2019 година, засновано врз мерења спроведени од средината на 1800-тите години.

Advertisement

Секоја деценија потопла од порано

Секоја декада од 1980 година беше потопла од претходната, а последната од 2010 до 2019 година беше околу 0,2 степени Целзиусови потопла во светот од претходната (2000-2009).

Advertisement
Advertisement

Во 2019 година, за 32-та година по ред, се намали масата на планински глечери, езерските температури беа над долгорочните просеци, а температурата на пермафростот продолжи да расте.

Во 2019 година, просечното глобално ниво на морето постави нов рекорд осма година по ред, достигнувајќи 87,6 милиметри над просекот од 1993 година кога започнаа сателитските мерења, со годишно зголемување од 6,1 милиметар од 2018 година, според тој извештај.

Емисиите на стакленички гасови се зголемија

Емисиите на стакленички гасови што придонесоа за климатските промени и загадувањето се зголемија. Емисијата на јаглерод диоксид се зголеми за 2,5 делови на милион (ппм), азотните оксиди за 1 честичка на милијарда (п.п.б.) и метанот за 9,2 делови на милијарда, се вели во извештајот.

„Голем број на екстремни настани, како што се шумски пожари, топлотни бранови и сушите, барем делумно се поврзани со зголемувањето на глобалните температури“, вели Роберт Данн од британската метеоролошка служба, кој беше вклучен во подготвувањето на извештајот.

„Порастот на глобалните температури е поврзан со друг индикатор за климата: понатамошен раст на емисиите на стакленички гасови, особено јаглерод диоксид, азотни оксиди и метан“.

Постои поголем притисок врз владите да направат повеќе за да ги ограничат емисиите и да ги зголемат шансите за ограничување на растот на глобалните температури на 1,5 Целзиусови степени, што е целта поставена во Договорот за климата.

Извор: index.hr

Advertisement