Занимливости

Научници пресметале колку животи спасиле вакцините

   Време за читање 1 минута

Иако вакцините се меѓу најголемите медицински достигнувања во историјата на човештвото, довербата во нив во многу земји последниве години опаѓа, особено по пандемијата на ковид-19.

Антиваксерските движења, ширењето дезинформации и колебливоста кон вакцинирањето стануваат сè почести, а последиците веќе се забележуваат – болести кои речиси беа искоренети повторно се шират.

За жал, на ова значително влијаат дезинформациите што ги промовираат јавни личности на истакнати политички позиции, како што е американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Повеќе од 154 милиони спасени животи

Вакцините, според низа големи епидемиолошки студии, се директно заслужни за спасување на милиони животи. Минатата година, научниците се обидоа подетално да ја проценат таа заслуга. По повод 50-годишнината од покренувањето на Глобалната програма за имунизација на деца (EPI), во реномираното медицинско списание The Lancet беше објавена анализа според која вакцините против 14 заразни болести – вклучувајќи морбили, дифтерија, тетанус и хепатит Б – од 1974 година досега спасиле околу 154 милиони животи, од кои дури 94 милиони се новороденчиња.

Со други зборови, вакцините спасуваат шест животи секоја минута. Најголем придонес има вакцината против морбили, која, според проценките, спасила околу 94 милиони животи. Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека со вакцинација на децата годишно се спречуваат помеѓу 3.5 и 5 милиони смртни случаи.

Ковид, грип и големи сипаници не се вклучени

Важно е да се нагласи дека овие бројки не ги вклучуваат вакцините против ковид-19, сезонскиот грип ниту вакцината против големи сипаници – единствената болест која досега е целосно искоренета благодарение на глобалната имунизација.

Целосниот текст тука