МакедонијаСиндикат

Национална програма за достоинствена работа (2019-2022): осврт на синдикалните движења

390views

Република Македонија, како земја која се стреми да се интегрира во Европската Унија е далеку од исполнувањето на целите, со кои се засегнати работниците и синдикатите. Во анализата на Националната програма за достоинствена работа (2019 -2022) година, забележано е дека синдикалните организации сеуште се борат за да продрат низ економско- социјалниот дијалог со Владата. Во анализата велат дека синдикалните организации, коишто постоеле за време на СФР Југославија биле пооперативни и повеќе вршеле притисок, за да ги остварат правата на работниците. Членството на синдикатите било високо во стариот економски систем. Денеска, севкупната густина на членството во синдикатите сеуште е висока во споредба со другите земји од Централна и Источна Европа (22% во 2017 година во споредба со просекот во ЕУ од 23%). Најголемиот дел од синдикалните членови доаѓаат од јавниот сектор, додека во приватниот сектор, синдикалното движење е организирано на многу ниско ниво. Многумина сметаат дека синдикалното движење е премногу поврзано со минатото и делува застарено. Сепак, синдикалното движење отсекогаш било потребно за да се одржува социјалниот, економскиот, како и здраствениот статус на вработените. Во Македонија постојат четири постоечки конфедерации: Сојузот на синдикати на Макеонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Унија на самостојни и независни синдикати (УНСАМ) и Конфедерација на синдикални органиации на Македонија (КСОМ). Од сите четири синдикални организации, само КСС и ССМ се репрезентативни, и тие заедно со УНСАМ се членки на Меѓународната Конфедерација на Синдикати (МКС). За жал, ССМ е политички и партиски настроена и по инструкции дадени од власта, постои само во сенка. Од друга страна КСС, активно се бори и покрај сите блокади, предупредување за нарушување на работни односи на нивни членови и постојано вршење на притисок, не се откажува од намерата, работниците во јавниот сектор, да добијат поголеми права. Конфедерацијата силно се залага за измените и дополнувањата на законите, кои ги засегаат нејзните членови во јавниот сектор, да бидат во нивна корист, но во дозволените законски граници.

Од друга страна пак, организациите на работодавачите се настанати, по осомостојувањето на Македонија, како пример за транспаретна демократија и транзицијата кон пазарната економија, како нов, непостоечки актер во Македонија. Поради нивната релативна младост, оргнизациите на работодавачите се соочени со двоен предизвик на зголемување на нивното членство и зголемување на капацитетот за ефективно работење со Владата и Синдикатите, за унапредување на колективните договори и социјалниот дијалог, како и во креирањето на нови политики. Во Македонија има две организации на работодавачи на национално ниво: Организација на работодавачите на Македонија (ОРМ) и бизнис конфедерација на Македонија (БКМ). Двете се членки на Меѓународната организација на работодавачи (МОР). Во анализата се наведува дека колективното договарање е многу слабо и дури и не постои во голем број на сектори. Некаде синдикалните организации немаат никакво учество во градењето на социјалниот дијалог, туку се третира како воопшто да не постои.

Иако голем дел од синдикалните организации имаат склучено колективни договори на ниво на работодавач и на национално ниво, не сите членови се толкуваат, во вистинска смисла, туку се толкуваат по волја на работодавачот.

Економско – Социјалниот совет, според анализата, го нема искористено потенцијалот и неговиот делокруг на интервенции во пракса е ограничен на областите, кои засегаат само трудови и социјални прашања, кои се поврзано со Министерството за труд и социјална политика. ЕСС сеуште се смета за продолжена рака на МТСП и не успеа да се вклучи во националните консултации со другите министерства во врска со економските и структурните прашања, кои влијаат врз трудовата и социјална политика. Исто така, голем проблем е и избегнувањето да се изменат некои од членовите на Законот за Работни односи од страна на ЕСС, што е упатува на тоа дека ЕСС добива инструкции да запоставува одредени прашања, кои се од голема важност за сите социјални партнери: Владата, работодавачите, работниците и синдикатите.

Еден од националните приоритети на националната програма (ИНП) е да се зголеми релевантноста на Економско- социјалните совети, како на национално, така и на локално ниво, што ќе послужи како платформа за дијалог во обликувањето на националната и локална агенда за економско –социјалните реформи.

Во 2018 и 2019 година Меѓународната органиација за труд, обезбеди технички коментари за нацарт законот за работни односи и предлог законот за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање. Препораките од страна на МОТ треба да претставуваат темел за подобрување на трудовото законодавство на државата во престојниот процес на пристапување кон ЕУ.

Националната програма за достоинствена работа опфаќа многу сфери од областа на работничките права и политики, но за овој осврт важно е да се стави акцент на синдикалното движење и статусот на работниците во јавниот сектор.