„Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов
Слободан Трендафилов од ССМ во „DailyClick“ ги коментираше случувањата со работниците во Непал. Имаше случаи во изминатите месеци пријави дека исчезнале работници од Непал.
„Што правиме ние? Фирмите кои бараат работници им плаќаат пат од Непал до тука, и тие тука остануваат 2-3 дена, и потоа заминуваат по Германија и во другиот западен свет. Потоа се жалеа дека не можеле да ги најдат. Ние не сме робовладетелско општество и не им ги одземаме пасошите или да ги затвораме навечер за да не избегаат. Во Србија две имаше случаи кога буквално во кафез ги држеа работниците од Непал, Индија и Пакистан. Случајот со Албанија требаше да биде доволен показател дека тие не доаѓаат тука да работат, туку сме само попатна станица за кон побогатите европски земји“, рече Трендафилов.
Извор: ТВ21

