ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Најбарано занимање во Македонија е продавач, погледнете ги и останатите

   Време за читање 3 минути

На веб страната на Агенцијата за вработување има издвоено 25 занимања со најмногу кои се најмногу барани. Истите се од разновидни дејности. 

Професии со најголем број на работни места според податоците на Агенцијата за вработување се: продавач со 585 слободни работни места, општ работник 485 работни места и хигиеничар на производствени работни простории – 447 работни места. Согледувајќи ја табелата подолу, може да се забележи дека 306 слободни работни места има за шивачи, 263 за келнери, 229 за програмери… Најдоле на листата, со најмалку слободни работни места се 

Согласно податоците на Агенцијата за вработување, занимања со најголем број на работни места се: работник за едноставни работи на производствена линија – 73, административен службеник – 72, армирачки работник – 72 и за чевларски работник има 70 слободни работни места. 

Занимања со најголем број на слободни места Број на

слободни места

ПРОДАВАЧ 585
ОПШТ РАБОТНИК 485
ХИГИЕНИЧАР НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ – РАБОТНИ ПРОСТОРИИ 447
ШИВАЧ 306
КЕЛНЕР 263
ПРОГРАМЕР 229
ВОЗАЧ НА ТАКСИ 229
ОБЕЗБЕДУВАЧ (ЗАШТИТА НА ЛИЦА И ИМОТ) 210
ВОЗАЧ НА КАМИОН 204
ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК 161
ШИВАЧ НА ТЕКСТИЛ 158
ОПЕРАТОР ВО КОЛ-ЦЕНТАР 154
ГОТВАЧ 151
ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО 125
ХИГИЕНИЧАР НА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР 104
СПОЈУВАЧ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ 100
ШАНКЕР 94
ТЕСАРСКИ РАБОТНИК 91
ДИСПЕЧЕР ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ 90
МАГАЦИОНЕР 89
БЛАГАЈНИК 78
РАБОТНИК ЗА ЕДНОСТАВНИ РАБОТИ НА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА 73
АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК 72
АРМИРАЧКИ РАБОТНИК 70
ЧЕВЛАРСКИ РАБОТНИК 70

Извор: Агенција за вработување

Во моментот, според податоците на Агенцијата за вработување има 7717 слободни работни места, a јанури оваа година имало 158,681 активни баратели на работа кои не можат да ги пополнат работните места коишто се понудени. Тоа е од две причини. Првата е поради тоа што најголемиот дел од активните баратели на работа не се задоволни од платите коишто им се нудат, додека втората причина е недоволната квалификуваност за одредена професија. Имено, според извештајот од Европската комисија за Македонија, 80 % од невработените немаат соодветни квалификации коишто би одговорале на потребите на стопанството. 

Министерството за образование и наука, Владата, заедно со стопанските комори и компаниите, а со поддршка на Амбасадата на Швајцарија го започнаа проектот „Учи паметно, работи стручно“, преку кои целта е да се стави акцент на дуалното образование, односно учениците од средните стручни училишта да одат на пракса во одредена компанија каде што ќе можат практично да ја научат работат, со што би биле вработени во компанијата, по завршувањето на образованието. Овој проект има и за цел да ги насочи идните средношколци да се запишат во средните стручни училишта, преку стипендии. На овој проект досега се одѕвале над 85 % од компаниите во Македонија. Ваквите проекти влеваат надеж во бизнис секторот. Сепак, за приватниот сектор голем проблем е што луѓето коишто немаат соодветни квалификации за да работат во стопанството, а кои веќе го завршиле образованието.

Во еден наврат, Претседателот на Оргнизацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров за порталот Работник истакна дека најголемиот дел од оние коишто бараат работа, не сакаат да се преквалификуваат или да се дообучат за одредена дејност којашто се бара, поради тоа што не им е интересна.

Бобан Илијевски