- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Најголем дел од прометот се остварува во трговијата, преработувачката индустрија со најголем удел во додадената вредност

Најголем дел од прометот - Работник
192views

Во секторот индустрија, градежништо, трговија и останати услужни дејности има 58.765 деловни субјекти кои се пазарно ориентирани и кои оствариле вкупен промет од 1.387.046 милиони денари и додадена вредност од 300.053 милиони денари, а  за ангажираните 400.629 вработени лица, издвоени биле 148.827 милиони денари, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци најголем промет е реализиран од секторот трговија на големо и на мало со 40,9 отсто, а по него следат секторот преработувачка индустрија со 28,7 отсто, градежништвото и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6,7 отсто и секторот транспорт и складирање со 5,8 отсто.

Секторот на преработувачка индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 27,6 отсто, следен од секторот трговија на големо и на мало со 24 отсто. Значително учество во додадената вредност има секторот градежништво 9,8 отсто, додека подеднакво учество од 7,9 отсто имаат  секторите транспорт и складирање и информации и комуникации.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени 90,5 отсто, најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 31,3 отсто од вкупно вработените, тие создале 21 отсто од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0,3 отсто и со ангажирани 26,3 отсто од вработените создаваат 34,1 отсто од вкупната  додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот преработувачка индустрија 14,1 отсто. Сепак, според податоците, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија со 10 до 249 вработени, кои ангажираа 42,4 отсто од вработените и создадоа 44,9 отсто од вкупната додадена вредност во  деловниот сектор.