МакедонијаПравдаСветот на работникот

На вработените во Ватикан им се заканува отказ ако не примат вакцини

Вработените во Ватикан кои ќе одбијат да се вакцинираат против ковид – 19, од сега ризикуваат да добијат отказ, наведено е во декретот на државата Ватикан која вработува околу 5,000 луѓе. 

Вработените кои нема да имаа докажани медицински контраиндикации и одбијат да ја примат вакцината против коронавирусот, ризикуваат да имаат „помалку или повеќе важни последици кои можат да одат до престанок на нивниот работен однос“, пишува во текстот објавен на официјалната веб страна на државата Ватикан. 

Декретот кој се повикува на санкции предвидени со ватиканскиот закон од 2011 година, се однесува и на кандидатите за работни места во Ватикан кои можеби нема да бидат ангажирани ако одбијат да бидат вакцинирани.

Во текстот се напоменуваат „работи неопходни за одговор на пандемијата“ и се подвлекува дека „одбивањето на вакцините може да претставува ризик по другите“ и „сериозно го зголемува ризикот по јавното здравје“. 

Детално се наведува и низа на други казни. Ако се носи маска и не се почитува држењето дистанца, можат да бидат изречени парични казни од 25 до 50 евра, а за кршење на карантинот предвидени се казни до 1.500 евра. 

Ватикан во јануари започнал бесплатна вакцинација за сите вработени. Поглаварот, папата Франциск веќе се вакцинирал.