Трговските центри треба да работат во недела, граѓаните треба да прават промет додека одмараат, вели Бектеши
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали во недела ќе работат трговските центри, Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нивниот став е веќе познат, имајќи во предвид дека матичните закони во делот на трговијата и угостителството се во надележност на Министерството за економија.
„Јас и претходно кажав дека треба некои од дејностите да ги извлечеме од тоа законско решение. Што се однесува до трговските центри, стратешки приоритет на нашата држава имајќи во предив дека речиси во недела, доколку од страна на Министерството за труд и социјална политика се донесе одредена забрана за работа во недела, луѓето треба да имаат други можности каде што ќе излезат заедно со нивните семејства, а со тоа и да направат одреден пазар, вклучувајќи и во трговските центри“, рече Бектеши.
Тој истакна дека согледувајќи го трендот на изградба на трговски центри и инвестициите кои се прават во оваа дејност, приливот на странски туристи, за време на викендите во Македонија, од соседните држави, тој мисли дека многу внимателно треба да се разгледа за тоа трговските центри да работат во недела.
Согласно нивните анализи, вели Бектеши, трговијата на мало би требало да работи во недела, додека во трговијата на големо има дејности кои не би требало да работат за време на овој ден, се со цел да им се помогне тие вработени во приватниот сектор, да ја користат неделата како одмор.
„Уште еднаш би сакал да го кажам ставот на Министерствто за економија, дека во моментот кога некои дејности би биле исклучени од можноста да работат во недела, тогаш дневниците на тие вработени, би требало да бидат зголемени за 50 %“ истакна Бектеши.
На новинарско прашање за тоа зошто има разногласија во Владата, односно ставовите на Вицепремиерот за еконмски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд Јагода Шахпаска се дека во недела би требало да работат само производните дејности кои се од таква природа што не можат да го сопрат производството, додекаставот на Министерот Бектеши е дека треба угостителство, трговијата на мало и трговските центри да работат, тој повтори дека законите за угостителство, туризам и трговија се во надлежност на Министерството за економија.
Имено, според Фајнанс Тинк, само 43 илјади работници нема да работат во недела, додека повеќе од 70 илјади ќе работат.
Порталот Работник претходно ги објави дејностите кои ќе работат во недела, согласно драфт верзијата на измените на Законот за работни односи.
Бобан Илијевски

