НовостиСветот на работникот

На келнерите во Хрватска им дошло преку глава: „Каде исчезна пристојноста?“

   Време за читање 2 минути

Вработените во угостителскиот сектор често се на првата линија на некултурното однесување, а многумина истакнуваат колку ги иритира тоа што гостите често очекуваат брза реакција, ги влечат за ракав или довикнуваат до нив без основна пристојност.

Работата со луѓе може да биде многу изискателна, бидејќи секојдневно носи соочувања со различни карактери, емоции и очекувања. Такавата динамика бара трпение, прилагодливост и способност за носење со различни ситуации.

Иако не постои универзален пристап кој би им одговарал на сите, едно би требало секогаш да биде присутно – универзална пристојност.

Еден корисник на социјалната мрежа Редит неодамна ги споделил своите фрустрации поврзани со недостатокот на култура и пристојност во секојдневните интеракции, особено во угостителството.

Каде исчезна културата на пристојност? Секој ден работам со луѓе во кафулето, а некултурата се’ повеќе ме живцира. Гостите ги извикуваат нарачките без контакт, очекуваат моментни услуги и плаќаат мали сметки со големи апоени без да им е гајле за ситуацијата. Исто така, влегувањето без поздрав и непочитување на персоналот станале правило, а не исклучок – напишал овој келнер.

Оваа објава наишла на голем број реакции, а многу од корисниците ги споделиле своите искуства.

Додека работев како келнер, го ценев гостинот кој поздравува на доаѓање и заминување многу повеќе од оние кои оставаа бакшиш. Подобро ништо да не оставаш, отколку да се однесуваш како да не постојам – напишал еден корисник.

Во продавниците често гледам луѓе кои без почит им велат на вработените: ’Дај ми го ова’, наместо пристојно да ги замолат. Таквото однесување е неверојатно фрустирачко – додал друг.

Еден корисник истакнал дека во Хрватска пристојноста често се смета за слабост.

Луѓето се плашат дека нивната љубезност ќе биде сфатена како слабост, па преферираат да се однесуваат грубо и изискателно. Со години живеев надвор од Хрватска и иако секаде има нељубезни луѓе, кај нас тоа е посебно изразено – наведува еден корисник во својот коментар под објавата.

Една келнерка заклучила – Неверојатно ми е да влезеш некаде и да не поздравиш, а камоли да не се заблагодариш. Таквото однесување е одраз на примитвно општество, пренесува Вечерни лист.

Доколку работите во угостителство или некоја друга работа каде имате контакт со луѓе и сте се соочиле со слично искуство, пишете ни на rabotnik.mkd@gmail.com. Анонимноста е загарантирана.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock