НовостиПравда

„На Онкологија се лечеле жители на Косово со македонско државјанство на товар на Фондот“

   Време за читање помалку од минута

Катастрофалното работење на Клиниката за Онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиника за онкологија, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани. 

Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лечи на Клиниката на онкологија. 
После ова признание од доктор, бараме ОДГОВОР од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово. 

Како непартиска иницијатива, бараме целосно расветлување на овој скандал и кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.

Продолжуваме со протести секој понеделник – од 18ч пред Влада!

Линк до протестот: https://www.facebook.com/events/834571351734584/

#ПравдаЗаЖртвите