- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

На што се должи растот на просечната плата?

АНАЛИЗА: (Не)достижно сценарио - Работник
165views

Бранот отпуштања причина за раст на просечната плата во земјава. Според статистиката, над 18 илјади работници останаа без работа поради корона кризата и тоа главно од позициите кои се помалку платени. Ова според аналитичарите, е една од параметрите за скок на просечната плата над 28 илјади денари.

Според Благица Петрески од Фајнанс Тинк, платите, и минималната и просечната треба да го следат растот на цените на производите кај кои во изминатиот период  се забележува раст. Според статистиката, за една година тие се покачени до 2 проценти, најмногу се забележува кај лебот, зејтинот, овошјето и зеленчукот.

Според последните податоци на статистиката, просечната плата во јануари годинава достигна 28.272 денари. Најголемо покачување од 12 отсто е забележано во здравството и фармацијата и 8 проценти во ИТ секторот.

Извор: Сител