СветСветот на работникот

Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен

   Време за читање 2 минути

Шангајска технолошка компанија станала жртва на голема измама кога нејзниот менаџер за човечки ресурси, користејќи ја својата позиција, осмислил софистицирана шема за вработувања на непостоечки вработени и присвојување на нивните плати. Овој случај резултирал со затворска казна од 10 години и 2 месеци за сторителот.

Измамата била откриена кога вработените во финансискиот сектор на компанијата забележале необичен детаљ – еден работник, наводно вработен шест месеци со име Жао Сун, имал беспрекорен работен учинок, но никој не го видел. Дополнителната истрага покажала дека таа личност, како и уште 21 работник, всушност не постојат, наместо тоа нивниот идентитет го создал менаџерот за човечки ресурси кој со години ги примал нивните плати.

Осомничениот, со презиме Јанг, се приклучил на секторот за човечки ресурси на оваа компанија во 2014 година. Неговата работа се состоела од управување со вработените и евидентирање на работните статуси во различните одделенија. Со текот на времето, сфатил дека има потполна контрола над процесот на вработување и давање откази, а без притоа никој да ја проверува исплатата на плати. Искористувајќи го овој пропуст, осмислил систем во кој фиктивно вработувал работници, отворал сметки на нивните имиња и редовно ги пренасочувал платите на своите сметки.

Во текот на осум години, успеал да ја олесни компанијата за 16 милиони јуани, што изнесува околу 2,2 милиони долари. Неговата шема би продолжила да трае доколку еден од вработените во финансискиот сектор не ја забележал нелогичноста во врска со непостоечкиот работник Жао Сун.

Откако измамата била откриена, Јанг веднаш ја признал вината. Успеал да врати дел од парите – 1,1 милиони јуни (150,000 долари), додека неговото семејство дополнително уплатило 1,2 милиони јуани (165,000 долари). Сепак, тоа не е ни прибилижно до вкупната проневерена сума.

Судот му одредил затворска казна во времетраење од 10 години и 2 месеци, со дополнителна едногодишна забрана за политички права и парична казна поради проневерата. Овој случај станал дел од официјалниот извештај на Народното обвинителство на округот Минханг во Шангај, кој ги опфатил анализираните случаи на злоупотреби на позиции во компании во текот на 2024 година.

Извор: BIZLife/Blic.rs

Фото: Shutterstock