МакедонијаСветот на работникот

Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега

   Време за читање помалку од минута

Паѓа невработеноста. Државна статистика пресмета дека стапката на невработеност се намалила за нешто над 1% за една година и на крајот од 2024-та изнесувала 11,9%. Според податоците, во Македонија има над 700 илјади вработени и околу 95 илјади невработени. Министерката за финансии е задоволна.

„Историски најниско ниво, забележувајќи пад од 0,4 процентни поени во однос на претходниот квартал и 0,7 процентни поени намалување во однос на 2023-та година. Истовремено расте вработеноста, и изнесува 46,2%. Тоа се податоци дека се реализирани над 13.067 нови вработувања во четвртиот квартал во однос на четвртиот квартал од 2023 година“ – Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии,

Повеќе на Сител