СветСветот на работникот

Невработеноста во Русија повторно опаѓа

Стопата на невработеност во Русија, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, во март оваа година се врати на рекордно ниско ниво од 2,3 отсто, изјави потпретседателката на Владата на Русија, Татјана Голикова, во интервју објавено денеска во магазинот Експерт.

„Навистина, во февруари стапката на невработеност според методологијата на Меѓународната организација на трудот се зголеми незначително во однос на јануари и изнесуваше 2,4 отсто од работоспособното население, но веќе до крајот на март гледаме враќање на овој показател на претходното ниво – од декември 2024 година – 2,3 отсто“, изјави Голикова, пренесува Комерсант.

Таа додаде дека за реализација на потенцијалот на младите во Русија е одобрена програма за промоција на вработување на граѓани до 30 години, кој дал позитивни резултати.

„Секоја година повеќе од 500.000 момчиња и девојки на возраст од 14 до 17 години се вработуваат на привремени или постојани работни места. Минатата година, во Руската студентска организација (РСО) беа вработени над 400.000 лица“, нагласи потпретседателката на Владата.

Според нејзините зборови, Русија продолжува со спроведување мерки за субвенционирање на вработување на младите.

Благодарение на сите преземени мерки, од 2020 година наваму, веќе е можно значително да се намали стапката на невработеност кај младите – за повеќе од 50 отсто.

Кај старосната група од 15 до 29 години невработеноста е намалена од 10,7 отсто на 5,2 отсто, додека кај младите од 15 до 24 години е намалена од 17,3 отсто на 8,5 отсто, информираше Голикова.

Извор: b92.net