- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

„Негирањето на синдикатот значи отфрлање на синдикалниот плурализам“

ЕТУК и ИТУК - Работник
355views

Светската Конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати неодамна упатија заедничко писмо до Претседателот на Владата на Р. Македонија Зоран Заев во кое ја искажуваат својата загриженост за постојаните системски напади и притисоци врз Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и нејзините грански синдикати, како и за дискриминацијата на лидерите и претставниците на синдикатите кои се рефлектираат преку деградирање, мобинг, вознемирување и откази.

За ова прес – конференција одржа КСС и на истата Претседателот Благоја Ралповски ги посочи укажувањата на Светската и Европската конфедерација на синдикати, потенцирајќи дека тие искажале најголема загриженост поради тоа што се врши репресија врз синдикатот преку притисоци и давање на откази на синдикалните лидери коишто единствено се борат за правата на работниците.

Во писмото се укажува и на тоа дека од 2019 година документите за репрезентативноста на КСС седат во фиоките на надлежните институции.

„Особено жалиме што барањето на КСС за репрезентативност, поднесено во јули 2019 година, сè уште се одлага и е де факто одбиено. Такво негирање, според наше мислење, е отфрлање на синдикалниот плурализам, под политичка мотивација. КСС, како и другата синдикална конфедерација, ССМ, е полноправна и добро позната членка на Меѓународната конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати“, стои во писмото на ЕТУК и ИТУК испратено до Владата.

Тие ја повикаа Владата да престане со секое мешање на активностите на КСС и да гарантираат еднакво третирање на сите синдикати без фаворизирање во рамките на националниот социјален дијалог како и во процесите на пристапување кон ЕУ.

Од КСС пак, истакнаа дека со ова писмо се покажува дека и најголемите синдикални централи се запознаени и го осудуваат рушењето на синдикалното движење и делување во Македонија кое се прави во последните неколку години.

„Со сите дејствија кои се преземаат од страна на владата и од неа поставени функционери се нарушуваат не само правото за слободно синдикално организирање, туку и многу други човекови права и слободи кои се загарантирани како со законите во нашата земја така и со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано и е обврзана да ги почитува“, велат од КСС.

Целосното писмо можете да го прочитате на следниот линк