Неделков: Новиот Министер за култура продолжува со игнорантскиот однос кон СОНК
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК Јаким Неделков:
Новиот министер за Култура по стапките на претходниот, продолжува со игнорантски однос кон СОНК како репрезентативен синдикат во културата. Или не и е кажано? И по повеќе од еден месец од поднесување на Барање за средба (18.01.2022) освен за СКРМ место за СОНК во министерството нема. Останува да се надеваме дека можеби ќе бидеме поканети на 25.02.2022 во опера и балет. Надежта последна умира, нели?

