МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Неделков тврди дека има над 1,000 наставници во изолација, Царовска негира

Неделков тврди дека има над 1,000 наставници - Работник
195views

Над 1,000 вработени во училиштата се заразени од Ковид – 19, рече во 24 анализа, Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков. 

Тој посочи дека вирусот зема се поголем замав во училиштата, нагласувајќи дека концепотот е функционален, а препораките издржани.

Според него, бројките, на национално ниво, кажуваат дека има голем број на заразени. Состојбата е алармантна, зошто има доста кои не ги пријавуваат заразените.

Неделков истакна дека училиштата мора да обезбедат најголема заштита на вработените и дека за истото досега имаат апелирано многу пати. 

„Побаравме да се направи анализа на Ковид возраст и тоа во моментот е приоритет. Распустот не е важно кога би почнал, најважно е здравјето“, рече Неделков.

Нагласи дека не е на СОНК да каже дали распустот треба да започне распустот.

Од друга страна, Министерката за образование и наука, Мила Царовска ги негира тврдењата на Неделков дека во моментот има 1,000 заразени наставници, во емисијата на ТВ24 „24 Анализа“. 

 Според неа, нема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата,затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во денешното гостување во „24 Анализа“ на Телевизија 24.„За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври,  наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично“, посочи Царовска.

Министерката рече дека нема голем раст на бројките на позитивни наставници на Ковид-19. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280.

Бобан Илијевски