Светот на работникотСиндикат

Неделков: Ќе изнајдеме решенија за фондот на часовите на наставниците

Неделков: Ќе изнајдеме решенија - Работник
157views

Претседатрелот на СОНК Јаким Неделков после денешната посета на две основни училишта во Гази Баба, ја потенцираше важноста да се најде решение за поголем обем на работа на наставниците и дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе  целодневната настава.

„Во соработка со МОН и со локалните самоуправи ќе се изнајдат решенија за сатисфакција на дополнително вложениот труд на оние наставниците кои вонредно ќе имат дополнителен број часови. За нас како Синдикат е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата, но очигледно имаме разбирање од социјалните партнери и моето убедување е дека во рамките на нивните надлежности, на МОН и на ЗЕЛС, ќе се изнајде решение зашто имаме реален проблем“, истакна Неделков.