- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Недовербата во институции и лошите јавни услуги – причини за одлив на мозоци од Македонија

Одлив на мозоци - Работник
147views

Додека постои врска помеѓу стапката на големата невработеност и одливот на мозоци, треба да се нотира дека причните на овој феномен не се „еднонасочна улица“, 

Со фокусирањето се само на еден аспект на одливот на мозоци, како големата невработеност се потценува важноста и каузалноста на другите аспекти како политичките, социјалните, институционалните и едуктаивните аспекти. Заедно со невработеноста, на пример, треба да ги гледаме и другите фактори кои можат да предизвикаат одлив на мозоци. Исто така, треба да да размислиме и за тоа како политичката клима влијае врз таквите одлуки за миграција или каква улога имаат квалитетот на услугите, корупцијата или реформите во животите на младите луѓе. Кога се соочуваме со проблемот на одлив на мозоци, во предвид треба да се земат политичките и институционалните аспекти и истите да се анализираат. Овие фактори играат важна улога, не само во животите на младите луѓе, туку на целата популација. 

Advertisement

Демократски институции и фер политики

Според последната регионална студија од страна на Фондацијата Фридрих Еберт Шифтинг (ФЕС), младите луѓе во Македонија даваат релативно голема важност на човековите права (повеќе од 40 %), демократијата и владеењето на правото како големи социјално – политички вредност во споредба со другите држави во регионот. Понатаму, младите мислат дека нивната Влада треба  најмногу да се фокусира кон: осигурување на човековите права и слободи и борба против корупцијата и организираниот криминал. Студијата покажува и дека задоволството на младите за владеењето на демократијата е намалено. Гледајќи ги овие три столба како најважни социјално – политички фактори, нотирано е дека младите луѓе сакаат да живеат во држава каде има функционален систем и каде што се почитуваат човековите права. Овие погореспоменати фактори сугерираат дека перцепцијата на младите луѓе за функционалноста на системот и состојбите на работите се песимистички и придонесуваат кон тоа младите да донесат одлука за заминување од државата. 

Advertisement
Advertisement

Кога сме кај институциите, скорешните податоци укажуваат дека има недостаток на доверба во националните институции. Распространетата корупција и непотизмот, бавните реформи во јавната администрација, влошените услуги, занемерувањето на важноста на социјалните прашања од страна на политичките партии се дел од факторите кои влијаат врз таквиот став кон националните институции. Најновата студија за млади во Макдеонија открива дека политичките партии, Претседателот на државата, локалните власти и Собранието се најниско рангирани во однос на довербата на младите во националните институции. Друго истражување ја покажува корелацијата помеѓу јавните институции и одливот на мозоци. Имено, младите кои веќе мигрирале во земјите од Европската унија и надвор од Европскиот континет, имаат негативно мислење за етичката клима во јавните институции. Повеќе од половина од младите мислат дека јавните институции не придаваат важност на овозможувањето на добри услуги на граѓаните, додека 85 % сметаат дека јавните службеници не даваат се од себе во унапредувањето на интересите на граѓаните. Интересно е што голема е бројката на млади луѓе кои сметаат дека без да имаат „врски“ не може да им биде овозможена адекватна услуга, како и дека тие јавни службеници се корумпирани и примаат/очекуваат мито за да им дадат услуги на граѓаните, услуги кои се обврзани да им ги пружат без да очекуваат „награда“ за возврат. Повеќе загрижувачки е фактот што 85 % од младите истакнале дека незадоволството од јавните услуги ги мотивира да емигрираат. 

На крајот, се насочуваме кон политичката и граѓанската партиципација и репрезентација. Идејата за партиципација и репрезентација на млади е да се направат промени и да се укаже на потребите на младите во разни сфери. Покрај незадоволството кон јавните институции и репрезентативните тела, во предвид треба да се земе и политичката партиципација и репрезентација на младите. Причината поради која овие два аспекти треба да се земат во предвид е фактот за чувството на припадност. Последната студија направена од Вестминистер Фондацијата за демократија покажува дека шокантни 80 % од младите не се чувствуваат претставувани од страна на националните политики, поконкретно надлежните парцијално се грижат за нивните проблеми или воопшто не се грижат. Ако постои средина каде што младите луѓе ќе може да се чувствуваат како претставувани од страна на националните политики и политичарите и имаат начини како да ги искажат нивните грижи, мисли и идеи, ова ќе резултура со чувство за припадност во одредено општество и ќе ја исполни намерата да се направат промени. Во Индексот за развој на младите за Македонија, според Глобалниот индекс за развој на младите од 2016 година, Македонија има најниски резултати во категоријата на граѓанската партиципација. Според Индексот за развој на млади од 2018 година, 69,1 % од младите не оствариле интеракција со преставниците од надлежните органи, на локално и национално ниво.  Студијата на Вестминистер Фондацијата за демократија покажува дека 71 % од младите луѓе се опишуваат себе си како социјално неактивни граѓани, а само 3 % се задоволни со нивното место во општеството. 

Големата желба за човекови права и демократија, чувството на ниска репрезентативност, незадоволството до националниот систем и фактот дека само 3 % од младите луѓе се целосно задоволни од нивната позиција во општеството, ја покажуваат потребата за целосни политички и социјални реформи во државата. 

Потребни се реформи

Можеме да заклучиме дека одливот на мозоци е предизвикан од ниската доверба во институциите, недостатокот на демократски процеси и недостатокот на политичко претставување. Треба да се нагласи дека покрај економските реформи кои државата ги спроведува или треба да ги спроведува за справување со големата невработеност, потребни се и реформи кои ќе ја засилат довербата во институциите и истите да бидат приоритетни. За да се надмине трендот на одлив на мозоци и да се минимизира неговото влијание, потребна е идна, поголема политичка волја и соработка на повеќе стејкхолдери за да се постигнат максимални резултати. Системските реформи ќе одговорат на потребите на младите, без разлика дали се економски, политички или социјални. 

Одливот на мозоци ќе продолжи да биде голем проблем во Македонија доколку нема политичка волја да се смени функционирањето на државата. 

Автор: Ардита Вејсели

Подготвил: Бобан Илијевски

Извор: mladirini.org

Advertisement