МакедонијаПравдаСветот на работникот

Недостасува кадар во градинките – 263 вработени се ослободени од работа по разни основи

Се намали бројот на деца - Работник
287views

Според извори на Фактор 263 негувателки и останат кадар вработен во градинките е ослободен од работа сите овие месеци по разни основи. Станува збор за вработени кои имаат хронични заболувања, самохрани родители, ослободени мајки од работа за да го чуваат своето дете и така натаму.

Ова покажува дека недостатокот на кадар е голем, па државата треба да изнајде решение како да надомести со кадар. 

Комисијата за заразни болести даде препорка градинките да започнат со работа, но сеуште нема одлука за тоа како тие ќе функционираат.

Од СОНК неодамна за порталот Работник им порачаа на родителите коишто имаат услови да работат од дома или еден од родителите доколку работи од дома, да не ги испраќаат децата во градинка, за да се заштитат и тие, но воедно и вработените во градинките.

Но, родителите кои работат во просториите на работодавачот, нема да имаат друг избор освен да ги испратат своите деца во градинка. 

Бобан Илијевски