МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Независниот академски синдикат го повика министерството за образование да го прифати предлогот за колективен договор

Независниот академски синдикат - Работник
205views

Независниот академски синдикат побара нивниот предлог за колективен договор да биде потпишан од Министерството за образование. Со ова, велат од НАкС професорите од високо образовните институции ќе имаат долгорочен план за раст на платите, но и за останатите сегменти кои им се повеќе од потребни во извршувањето на нивната дејност. Затоа потребно е итно воспоставување на уедначени критериуми за финансирање на универзитетите и на научните институти.

„Универзитетите се принудени да запишуваат што е можно поголем број студенти, како би собрале повеќе средства од нивната партиципација за да можат да ги зголемат платите и да дојдат до некое пристојно ниво. Потенцирам дека МОН од 2009 та не исплаќа додатоци за стаж во високото образование, што значи дека единиците се ставени во ситуација, или да кршат закони на вработените да не им исплаќаат додаток за стаж, или пак без разлика на квалитетот да запишуваат големи бројки на студенти за да можат финансискиот товар да го издржат“, рече Маја Стевановиќ Независен академски синдикат.

Пред неполн месец Независниот академски синдикат поднесе предлог за здружување со синдикатот на образование СОНК, се со цел задржување на репрезентативноста во синдикалното движење. Оваа иницијатива дојде десетина дена по најавата дека ректорите, по налог на Министерството за образование да формираат синдикат се со цел да добијат покачување на плата од 10 отсто. Месечната плата на еден редовен универзитетски професор се движи од 30 до 120 илјади денари.

Извор: Алсат М