Неисплаќање на К-15, разлика помеѓу скратено и неполно работно време… Работник Поткаст со адвокатот Александар Димитријевиќ
Неисплаќањето на К-15 или исплаќањето па барањето назад од страна на газдите и потенцијално решение на овој проблем; систематизацијата на работните места и до каде се надлежностите на синдикатот и работници во тој дел; разликата помеѓу неполно и скратено работно време; намалување на работното време преку Колективен договор на ниво на работдавач или гранка и сексуалното вознемирување на работно места – се темите на коишто разговарав со адвокатот Александар Димитријевиќ во новата, петта епизода од „Работник Поткаст“.

