НовостиПравдаСветот на работникот

Неколку лица, без да бидат спречени од обезбедувањето, влегле во објектот на контрола на летање и нападнале вработени

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Александар Тасевски, Претседател на синдикатот во М-НАВ:

Бидејќи во моментов немам време секој медиум посебно да го известам, го користам мојот профил кој што знам дека голем број на медиуми во моментот го следат за да известам дека пред пред околу 30 минути во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање, мои колеги. Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.

Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект

Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *