Неработната сабота е релативно ново достигнување: Следува ли тридневен викенд?
Правата на вработените биле практично непознат поим се до 19 век кога во земјите како Британското царство законски се пропишани работните часови и паузи. Што се однесува на битката за слободен викенд, неа ја избориле синдикатите и работниците.
Свети понеделник
Пред да почне сабота да се смета за дел од викендот, работниците во индустриска Англија го искусиле периодот на таканаречениот „свети понеделник“. Ова значело дека се работело интензивно од вторник до сабота навечер, а во недела и понеделник се одмарало.
Оваа пракса била толку распространета во британското општество пред два века што и настаните од комерцијална природа, како музичките настапи и театарските претстави биле закажувани во понеделник, пишува Би – Би – Си.
Настанувањето на викендот како постојан дел од неделата, кога би требало да се одмараме од работа е заслуга на борбата на британските синдикати кои веќе од 1842 година започнале своја кампања, првобитно лобирајќи за слободно неделно препладне.
Преоѓањето на полуработна сабота
Подоцна напорите на синдикатите се насочиле и кон остварување на полуработна сабота. Верувале дека таквиот распоред на времето ќе има влијание на намалувањето на алкохолизмот и суровите видови на забава како борби на петли кои биле особени за „светите понеделници“.
Кампањата за полуработна сабота се темелела на идејата дека тоа време работната сила би требало да го искористи како време за забава.
Така, кондуктерите во возовите билетите ги наплатувале со помала цена на патниците кои оделе на посета во селата во сабота попладне. Со самото тоа и музичките настапи и театрите својата програма ја преместиле од понеделник во сабота попладне.
Еден од највлијателните видови на забава по настанувањето на модерното работно време е одлуката во текот на 19 век, со која фудбалските натпревари започнале да се закажуваат во сабота попладне.
Денешниот дводневен викенд
Денешниот концепт на дводневниот викенд не станал пракса преку ноќ, ниту завладеал насекаде истовремено. Било потребно половина век да вроди со плод заговарањето за сабота и недела да бидат неработни денови.
Кон крајот на 19 век, работниците имале прилика да уживаат во слободно саботно попладне, а денешниот модел на неработна сабота со недела настанал во 30 – тите години од минатиот век. Работодавачите викендот од 48 часа започнале да го прифаќаат кога увиделе дека со тоа се намалени отсуствата од работа, како и се зголемила продуктивноста.
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025