- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Нераспоредените 1.349 административни службеници ќе се распоредат во 237 институции

Нераспоредените - Работник
138views

На денешната 40- та седница Владата ја разгледа и усвои „Информацијата со Предлог план за преземање на нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку К5 програмата“.

Согласно Планот кој денеска беше усвоен, опфатени се вкупно 1.349 вработени по К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

Advertisement

Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува.

При изработка на планот земена е во предвид моменталната состојба на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во институциите кои треба да преземат вработени, потребата од зголемување на бројот на човечки ресурси во тие институции, како и моменталните слободни работни места во тие институции.

Advertisement
Advertisement